„Егзит“ фестивалот деновиве ги интензивира своите онлајн активности, со цел на многумина да им помине полесно останувањето дома за време на вонредната состојба. Десетици илјади луѓе од сите земји од регионов и Европа, вклучувајќи ја и најтешко погодената Италија, во изминатите неколку дена, преку интернет веќе започнаа да ја следеат специјалната програма на Егзит Фестивалот, која почнува секоја вечер симболично во 20:20 часот, соопштија организаторите на фестивалот.

Тие наведоа дека вечерашната програма и е посветена на земјата што е најпогодена од пандемијата – Италија.

– Станува збор за „бек-ту-бек“ сет од 2015 година кој го сочинуваат двајца маестрални диџеи Адам Бејер и Џозеф Каприати. Покрај никогаш досега објавените фестивалски настапи, дел од оваа програма на социјалните мрежи се и водечките регионални диџеи кои настапуваат со директен пренос од своите домови, посочија организаторите.

Тие истакна дека специјалната ЕГЗИТ ТВ програма лансирана е во четвртокот со досега необјавениот, историски концерт на групата „Фејтлес“.

– Во наредните денови сите фестивалски фанови ги очекуваат дури два „HomeStream“-а, на Илија Ѓоковиќ и Милош Вујовиќ, снимка од спектаклот кој Скепта го приреди лани на главната бина на ЕГЗИТ фестивал, настапот на Ричи Хотин на Денс Арената во сега веќе дамнешната 2007 година, но и бројни други. Покрај специјалната ЕГЗИТ ТВ програма, на сите на располагање им се и повеќе од 1.000 часа настапи и интервјуа со водечките светски ѕвезди, но и друга програма на официјалниот Егзит канал на „Јутјуб“, а кој до сега го погледнале над 50 милиони луѓе од целиот свет, наведоа организаторите на фестивалот.


Администратор
27/03/2020 23:33