Германските болници со слободни капацитети ќе примат најмалку 47 пациенти со коронавирус од Италија во знак на европска солидарност, изјави германскиот министер за надворешни работи Хаико Мас.

– Затоа што стоиме со нашите италијански пријатели. Ова можеме да го решиме само заедно, рече Мас во кусо соопштение.

Пред очекуваниот голем бран на домашни заразени за кои се подготвуваат германските власти, првата група од шест италијански пациенти веќе пристигна во Лајпциг во источната провинција Саксонија.

Во Германија со коронавирусот се заразени 43.646 луѓе, а починале 262 лица.


Администратор
27/03/2020 00:20