Зелената партија ДОМ апелира инспекторатите за животна средина да спроведат вонредни инспекциски надзори на индустриските капацитети во Скопје.
– Вчера,особено во ноќните часови загадувањето на воздухот во Скопје беше високо, со концентрација на ПМ10 честички над 100 µг/м. Во услови на значително намален сообраќај, граѓаните се сомневаат дека аерозагадувањето потекнува од индустриските постројки – велат од партијата ДОМ.
Загадениот воздух е причина за заболувања на белите дробови, срцето и крвните садови и доведува до пад на имунитетот. Во овој период кога се соочуваме со сериозни закани по здравјето предизвикани од коронавирусот, чист воздух ни е потребен повеќе од било кога.
ДОМ – Сектор за односи со јавност