Најнаселената покраина во Германија, Северна Рајна-Вестфалија, планира да ослободи илјада затвореници со цел да испразни ќелии што би се користеле како простории за карантини, поради загриженост дека коронавирусот може непречено да се шири во затворите, изјави денеска министерот за правда на покраината Петер Бизенбах.

Според планот објавен во германското списание „Фокус“, ќе бидат ослободени затвореници на кои им преостанал само мал дел од казната. Сексуалните престапници и осудените за други насилнички злосторства се исклучени од оваа одлука, рече Бизенбах.

– Во моментов имаме многу малку слободен простор, изјави тој додавајќи дека очекува други германски провинции да го следат примерот.


Администратор
26/03/2020 01:19