Одговорајќи на новинарски прашања, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски јасно потенцираше дека министерот од нивните редови Наќе Чулев нема да гласа за предлогот на претседателот на СДСМ Зоран Заев, вработените во јавната администрација да добијат минимална плата од 14.500 денари за април и мај.

- Јасен план како да дојдеме до една милијарда евра, слободно нека ги аплицираат овие пари, само нека не кратат од работниците, затоа што тие работници не живеат по принципот евро – за евро, тие работници живеат од тие тешки и мачни пари кои ги заработуваат за да можат да си ги прехранат семејствата. Тие немаат возен парк од Мајбах и Бентли, тие едвај кубурат да си ги платат режиските трошоци, немојте да удирате по нив, не е тоа начинот како да се справиме со оваа криза, напротив еве ви јасен план како да обезбедите една милијарда евра и веднаш апелирам до владата на СДСМ да ја примени оваа методологија којашто ја предлагаме, вака применета ќе значи на прв бран а може и најтешкиот бран справување, да граѓаните и бизнис заедницата не ги почувствуваат негативните ефекти од пандемијата, истакна Мицкоски.