Како доктор во овие моменти можам да посочам дека потребна е дисциплина во однесувањето и придржување до препораките на здравствените организации и здравствените лица.
Јас и моите колеги на дневна основа даваме максимумот во превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Тоа го прават и другите луѓе од службите кои се на терен и ги обезбедуваат спроведувањето на пропишаните мерки и протоколи.
Хигиената е многу важна, исто како и внимателноста во начинот на комуникација со другите луѓе и со блиските. Помогнете ни, за да можеме да помагаме на сите, заради тоа што секој живот вреди!
Останете дома, останете безбедни, ќе го пребродиме ова како нација, солидарни и сплотен!
Интегрален текст од видео обраќање на Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ