На барање на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија во општина Гази Баба денес Советот на Општина Гази Баба да одржи итна седница со единствена точка на дневен ред: Носење на мерки и заклучоци за заштита на населението на корона вирусот. Како мнозинство во Советот на денешната седница ќе ги предложиме и усвоиме следните мерки и заклучоци:
1. Обезбедување на маски и ракавици за заштита на секое семејство. Овие маски и ракавици ќе се делат преку месните и урбаните заедници. 2. Да се изготват флаери со препорака и инструкции кој ќе бидат доставени до граѓаните заедно со маските и ракавиците. 3. Ќе донесеме одлука за формирање на кризен штаб за следење на состојбата на територија на општина Гази Баба. 4. Заклучок за обезбедување на атомизери по сите улици за дезинфекција во цела Гази Баба. 5. На влезовите од обиколницата кај Автокоманда, Стајковци, Арачиново и Железара да се направат пунктови за дезинфекција на возила. 6. Иницијатива до надлежните служби во Република Македонија за времено затворање на сточен пазар, автопазарот во Триангла и пазарот за стари работи кој се наоѓаат во општина Гази Баба. Додека на кванташкиот пазар бараме да се воведе ограничено работно време и дополнително да се врши дезинфекција на возилата кој влегуваат и излегуваат од него како и дезинфекција на површината на пазарот. 7. Итна дезинфекција на сите градинки и основни училишта на територија на општина Гази Баба. 8. Давање препорака за редуцирање на вработените во општинската администрација. Овие мерки и заклучоци со извадок од записникот од денешната седница требаше да ги доставиме до надлежните институции со цел ефективна нивна реализација.
Животот и здравјето на граѓаните ни е пред и над се и овие мерки се со цел заштита на јавното здравје. За жал на Борче Георгиевски животот и здравјето на граѓаните не му значат ништо.