Вчера во 17 часот Стево Пендаровски вели министерот за здравство Филипче не информираше дека нема потреба од кризна состојба, а три часа подоцна Филипче излегува на прес конференција и вели дека има нови случаи на корона заболени.

Значи, со други зборови, не знаат каде тераат и овие луѓе кои вака оценуваат дали требало или не требало кризна состојба ни ја водат државата. 🤔😔

Дел од мерките кои ги предлагаме иако се прифаќаат, суштината е дека се задоцнети и за жал имаме прогресија во ширењето на заразата.

Два дена откако предложивме затворање на границите, донесоа одлука за затворање. Три дена откако предложивме рестрикција на работата на фирмите кои се на првата линија под удар на корона вирусот, се прифати и се применува. Побаравме целосно затворање на аеродромите, после цели три дена мерката сеуште не се применува целосно. Зошто? Затоа што заборавиле да ја пратат одлуката во Службен весник, па дали е тоа можно???

Сега велиме прогласување на кризна состојба е излезот, Пендаровски не убедува дека нема потреба. Владата води инат од политичка тесноградост. Кризна состојба веднаш за ефикасност во примената на мерките за заштита.

Интегрален текст од фејсбук објава на Игор Јанушев