Во општините каде што припадниците на албанска заедница се повеќе од 20 отсто постојат двојазични табли на државните институци, а таму каде што не се – не постојат такви табли, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за „различно толкување“ на Законот за употреба на јазиците од негова и од страна на вицепремиерот Бујар Османи.

– Имаме тим, меѓуресорско тело на ниво на државни секретари, којшто го води генералниот секретар на Влада, каде што има реално толкување за се. Но, дефинитивно во општините каде што граѓаните од етничка албанска заедница се повеќе од 20 отсто постојат двојазичните табли. Таму каде што не се – не постојат двојазичните табли и секако тоа толкување ќе го добиете, нагласи Заев на прес-конференција во седиштето на СДСМ.

Тој потенцира дека она што го предвидува овој Закон е употребата на јазикот заради практичната потреба, не за изнасилување на една заедница врз друга заедница, туку за меѓусебно почитување на правото на употребата на мајчиниот јазик.

– Верувам дека ќе се случуваат и табли на турски јазик во Гостивар, каде што имаме голема турска заедница или на српски јазик во Куманово или во Старо Нагоричане или во Чучер Сандево итн. Ги земам како примери затоа што рековме јазикот е право. На крајот јазикот е нешто што ни треба за да се разбереме, нагласи Заев. го исполнат своето ветување.

– Уште еднаш напоменувам. Ние не очекуваме веднаш членство, ние очекуваме после 15 години одлука за добивање датум за почеток на преговорите и отворање на претпристапните поглавја, каде преку вистински реформи и трансформации ќе можеме да ги користиме и огромните европски фондови кои ќе го кренат економскиот стандард кај нашиот народ, истакна Заев.

Тој посочи дека не би си дозволил да коментира кога очекува одлука. – Тоа што го вети Европскиот совет беше не подоцна од мај пред европскиот самит за Западен Балкан во Загреб, што ќе се одржи на 7-8 мај. Ние ќе чекаме кога ќе бидат готови да ја донесат одлуката. Се надевам дека ќе го израдуваат нашиот народ,час поскоро, а ние продолжуваме да работиме, рече Заев.

Во Извештајот на Европската комисија за исполнувањето на условите за преговори, кој е основата врз која земјите членки на ЕУ треба да одлучат овој месец дали ќе дадат зелено светло за нивно започнување, се оценува дека Северна Македонија остварила значаен напредок во сите области и му препорачува на Советот да донесе позитивна одлука.

Извештајот треба да се објави најрано денес, а најдоцна до крајот на оваа недела. МИА доби пристап до овој кус документ во кој Европската Комисија го разгледува напредокот во клучните реформски области што ги бараат земјите членки.

Документот заклучува дека со оглед на „значајниот остварен напредок и исполнувањето на условите едногласно поставени од Советот во јуни 2018, Комисијата препорача во својот пакет за проширувањето во 2019 дека Советот треба да започне преговори со Северна Македонија. Општо земено, Северна Македонија ги зголеми своите напори и испорача опипливи и одржливи резултати во клучните области“.

Оттука, Европската комисија порачува дека оценката од 2019 не е променета и дека Северна Македонија треба да започне преговори со ЕУ.