Разликата е очигледна.
Тие се последните остатотоци од транзицијата, ВМРО-ДПМНЕ нова енергија која треба да ги порази оние кои и носат порази на земјава.
Тие повторуваат лаги и наддаваат со веќе еднаш неостварени ветувања, ние велиме потребна е обнова и економски бум кој ќе донесе повеќе за секого.
Тие немаат концепт во ниту една област, ние нудиме стратегија за развој. Тие се борат за спас од одговорност за криминалите, ние ќе донесеме правда.
Нашата понуда е повеќе за секого, обнова базирана на принципи и вредности, обнова која ќе донесе: – зголемување за 25% на просечната плата, – зголемување на пензиите за 20%, – намалување на рамниот данок од 10% на 8% за повеќе пари за граѓаните, – странски и домашни инвестиции од 4 милијарди евра, -невработеност под 10%, – нови патишта, покрај нов автопат од Велес до Битола, нови експресни патишта од Куманово до Крива Паланка, од Штип до Кочани, од Штип до Радовиш, -нова термоцентрала со највисоки еколошки стандарди во Малешевијата и Пијанец за нови 1000 вработувања, -бесплатен приклучок за гас за домаќинствата, -половина од сумата за обнова на фасади и прозорци на сметка на државата и многу други проекти.
Обновата е неопходна. Македонија има сила за нови победи!
Интегрален текст од фејсбук објава на Игор Јанушев, ВМРО-ДПМНЕ