СДСМ откако дојде на власт донесе само беда и сиромаштија.
Граѓаните веќе не му веруваат на СДСМ, бидејќи знае се што ќе вети нема да исполни.
Единствени вработувања кои СДСМ ги отвори се непотистичките и партиските вработувања во државната администрација.
СДСМ не донесе ниту еден поголем инвеститор, напротив почнаа да ги бркаат странските инвеститори, а потенцијалните да не заобиколуваат и да одат во соседството.
СДМ откако дојде на власт сиромаштијата дополнително се зголеми, над 500.000 граѓани едвај преживуваат, јавниот долг ја помина психолошката граница од 50% од БДП, а над 70% од граѓаните земаат плата помала од просечната.
СДСМ има најмалку право да зборува за младите затоа што 140.000 млади се сиромашни, а повеќе од 70% од младите не ја гледаат својата иднина во Македонија, што говори дека оваа власт го забрза трендот на иселување.
На сето ова ќе дојде крај на 12-ти април. На 12-ти април кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе започне обновата на економијата во Република Македонија.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ