Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денес е во посета на македонците во Штутгарт, Франкфурт, Берлин и Карлсруе и околината од каде пренесува импресии за голема поддршка за ВМРО-ДПМНЕ за престојните избори на 12 април.
„Топол прием од Македонците во Штутгарт, Франкфурт, Берлин и Карлсруе и околината. Голема енергија меѓу нашата дијаспора. Дијаспората ќе е предводник на огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ на 12ти април. Да си ја вратиме Македонија!“ - напиша на фејсбук Александар Николоски.
Николоски заедно со македонците од дијаспората во Швајцарија присуствуваше на литургија по повод христијански празник Прочка во црквата Св. Наум Охридски во Триниген.
„Денес големиот христијански празник Прочка го поминав со Македонците од Швајцарија во преубавата црква Св. Наум Охридски во Триниген. Исто така одржавме и средба на која разговаравме за состојбите во татковината. Промената на 12ти април доаѓа со дијаспората. Заедно да ја обновиме Македонија и национално и економски.“ - напиша во објавата Николоски.