Пред завршувањето на ТВ дуелот помеѓу партиските претседатели на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ му подари беџ за одело со знамињата на Македонија и НАТО на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, додека пак Мицкоски му подари празен „Луј Витон“ новчаник на Зоран Заев потенцирајќи дека новчаникот е синоним за реалноста во која живеат Македонските граѓаните.

Зоран Заев го одби новчаникот и истакна дека тоа не е во духот на простувањето, алудирајќи на празникот Прочка кој е во недела.