Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во ТВ Дуелот на Канал 5, потврди дека ќе биде носител на листата на пратеници во изборната единица 4, каде се наоѓа и Струмица од каде што потекнува Зоран Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ пак, повтори дека тој се залага и стои на концептот за шпицен кандидат, што подразбира деја нема да се засткрие зад пратеничкиот мандат и ќе биде кандидат за премиер, но рече дека конечната одлука ќе биде донесена наредната недела на седница на Централниот комитет.