Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во дуелот на Телевизијата Канал 5 посочи дека Зоран Заев ќе остане запаметен како човек кој што го предаде идеалот на сопствената нација, на сопствениот народ и на сопствената држава.
Моја должност како лидер на опозицијата, како граѓанин на ова држава е да навлезам во секој договор кој што може утре-задутре и јас да бидам тој кој што ќе има импликации позитивни или негативни. Јас сум должен да ви кажам и да ви укажам на предавството како што тогаш ве гледав во клубот на пратеници и ви велев: „Зоране немој Илинденска затоа што ова е првиот чекор кон нешто многу полошо, ќе прифатиш еднаш промена на Устав и потоа нема крај, нема назад. Што ме убедувавте? Не, ова е тоа, ако ова не биде, друго не прифаќам, истакна Мицкоски во своето гостување.
Претседателот Мицкоски му посочи на Зоран Заев дека ЕУ пакт со криминалци тие пакт не прават, пакт со „Луј Витон“ торби тие не прават.