Во вечерашниот дуел на “Само вистина”на Канал 5 телевизија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека е срамно тоа што во моментот се случува со правдата во Република Македонија.

-Одредени обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста. Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече тој.

“Единствен аболициран криминалец во оваа држава е Зоран Заев. Иако попусто сакате да им го закачите тој епитет на луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сепак треба да сте свесни дека единствен аболициран криминалец сте Вие г-дине Заев”, вели Мицкоски.

-Матрицата на СДСМ и Зоран Заев е истата од пред неколку години. Единствено нешто кое константно го зборуваат е г-динот Груевски кој скоро 5 години не е премиер во државата и бараат алиби за своите неуспеси позади ликот на човек кој воопшто не е во државата. Зарем не е лицемерно да се зборува за човек во чиј Мерцедес се возите и за кој бескрупулозно ја лажевте јавноста дека не го користите возилото, заврши Мицкоски