На денешната дебата помеѓу претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12-ти април ќе одговара.
-Вие барате амнестија, но тоа нема да се случи. Ќе одговараат сите оние кои се огрешиле пред законот. Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12-ти април. А јас ве гледам директно во очи, за сите вклучително и јас, ако се огрешиле пред законот кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ да одговараат за кои што постојат докази да бидат изведени до крај. До крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува тие како за вас и оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате – порача Мицкоски.
Претседателот на СДСМ пак, Зоран Заев му реплицираше на Мицкоски дека не се плаши од ништо бидејќи е чист како солза и дека веројатно некој друг ја има мувата на капата.