Со маршот за правда упативме порака дека ја завршивме работата до крај, дека извршната и парламентарната власт ја завршија работата, а сега народот по донесување на законот за јавно обвинителство очекува практична примена на законите, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.
Претседателот Заев додаде дека се упати порака до судството дека нема да се дозволи да се застарат предмети, да се враќаат повотрно од почеток, да се чуваат во фиока.
Судите и обвинителствата се независни институции, власат не треба да се меша, како што тое беше до 2017, па ние се боревме против тоа, судовите треба да судат врз основа на докази па и да донесуваат ослободителни пресуди, порача Заев.
Може ли да Ви дадам еден предмет, еден случај да Ви дадам? „Тортура“ предметот за господинот Бошковски, зашто судијата заборави 90 дена да свика сесија, го праша Мицкоски.
Заев на тоа одговори дека не ги знае судиите. „Господине Заев, кажувате невистини сите овие судии се бирани, дури и 85% во 1996 година. Ајде ќе докажуваме, ама ако сум во право што ќе правиме? Господине Заев најмалку СДСМ и Вие лично имате право да протестирате“, истакна Мицкоски. Мицкоски додаде дека дури се чудел против кого Зоран Заев протестираше на маршот што СДСМ го организираше.
„Против кого протестиравте? Против таткото на Бојан Маричиќ, против сопругата на Бојан Маричиќ? Вашиот советник што е шеф на Кабинет на министерката? Против кого протестиравте Вие? Виш Јавен обвинител е таткото на Вашиот советник, порано бил дел од Републичкиот совет на обвинители, во времето на вие што велите „режимот“ оние 11 години“, заклучи Мицкоски.