На почетокот на телевизискиот дуел помеѓу Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тема на разговор беше и ситуацијата со коронавирусот.
Мицкоски, рече дека нема индиции дека состојбата со коронавирусот ќе влијае на партиската агенда и истакна дека е важно да не се дозволи да ескалира. Тоа е она на што треба да се фокусираат надлежните органи. Изборите во овој случај се секундарни, важно е здравјето на граѓаните, рече Мицкоски.
Според него, најважно е да не се крева паника
– Регистриран е првиот случај и е лошо е што воопшто се дозволи да дојде до тоа бидејќи превентивата затаи, иако имаше обиди да се разгова со јавноста на таа тема. Точно, никој не очекува да се справиме веднаш и веднаш да го превенираме, важно е да останаме присебни, да не се крева паника, бидејќи со паниката нема да се решат овие проблеми, туку треба луѓето кои се стручни да се соберат да разговараат и да ги надминат овие предизвици, рече Мицкоски, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди на располагање своите капацитети.