Слушам како Заев свесен дека ќе доживее тежок пораз на изборите, тој и неколкуте негови мегафони говорат за тоа како ВМРО-ДПМНЕ лобирала да не добиеме датум за преговори. Каква провидна лага!
Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина не сакаше државата да добие преговори, ќе го оставеше СДСМ и Заев да ја упропастуваат, бидејќи тоа е најсигурниот пат да не добиеме датум за преговори, затоа што досега не исполнија ништо и не направија ништо.
Зоран Заев е “тегот” закачен околу вратот на земјава која влече надолу во однос на преговорите со Европската Унија. И во состојба кога државата ја направи најкриминална во Европа јасно е дека нема прав пат, единствениот кој е прав, за него и за сите кои се огрешиле е оној кон Идризово.
Интегрален текст од изјава од фејсбук на Игор Јанушев