Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вечерашниов протестен марш против неправдата во Македонија по објавените аудио-снимки за претседателот на СДСМ упати три барања до институциите.
- Прво, покренување на истрага за злоупотреба на службената должност од страна на Зоран Заев кој се меша во обвинителски и судски постапки, и одлуки на Врховниот суд. И тоа истрага од тим на обвинители кои нема да ги одбере Рускоска, поточно Зоран Заев, туку обвинители во кои ќе има доверба експертската јавност како гаранција за непристрасност и независност. Мора да има обвинение по кое Зоран Заев ќе одговара за злоупотреба на службена должност и попречување на правдата и понижување на државата.
Второ, согласно Уставот, Врховниот суд на Република Македонија е највисок суд во државата и го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите. Кога врвот во судството не ви чини, тогаш надоле е труло. Кога во врвот слушаме дека се диктирале одлуки од премиерот значи дека правдата целосно затаила. Затоа бараме итна и неодложна ревизија на работата на Врховните судии без исклучок и ревизија на нивните одлуки. Таму каде ќе бидат утврдени неправилности потребно е оставки и одговорност пред законите. Оставки!
Трето, итна реформа на Советот за реформи во правосудството што ќе подразбира времено суспендирање на секаква негова активност поради контаминираноста на неговата работа и барање на меѓународна експертска помош во реализирање на реформите, побара Мицкоски во неговиот говор на вечерашниот протестен марш на опозицијата,