Во говорот на вечерашниот протестен марш на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се осврна и на претстојните избори кои ќе се случат на 12-ти април. Тој потенцираше дека граѓаните ќе бидат сведоци на нови и нови лаги кажани од Зоран Заев се со цел се да се потруди да го ублажи поразот.
- Ќе се изнаслушате разно разни приказни и невистини, кои се чисто алиби за поразот и утеха на исплашените, па ќе лажат дека еве странците ги сакале, ама не кажуваат дека странците не сакаат криминалци како нив, ќе кажуваат пред нивните членови дека ќе загубеле на избори ама тие ќе формирале влада, и што ли уште не. Алиби, чисто алиби. Добро знаат дека Заев е сега на колена и од виткањето на кичма и на државата е со најсвиткана кичма во СДСМ, и се што кажа во последните две години погреши, велеше ќе немало предвремени избори еве за помалку од 50-тина дена ќе треба да се соочи со најголемиот историски рекорден пораз на политичката сцена во Република Македонија. Поразот од народот.
Сакам лично да кажам нешто – Зоран Заев ќе изгубиш, и ти тоа добро го знаеш. Ќе изгубиш силно и јако од народот. Ако не беше достоинствен додека беше на власт, тогаш биди достоинствен во поразот, и не застанувај на патот на народот. Од таму враќање нема. Ќе ја вратиме правдата, и честа, и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата, и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат сопствената татковина, нашата преубава Македонија, заврши Мицкоски.