Не сме сите исти, и во зборот што го кажуваме а вреди. Не сме исти во сериозноста, издржаноста и идните резултати на проектите, реформите се ветуваат за разлика од она што Заев го ветуваше и не го направи. Не сме исти и во луѓето кои денес се со нас, а ќе ви докажам дека може не само подобро, не само поквалитетно да се работи и повеќе од сето ова кое денеска е секојдневие во споредба со онаа реалност која ни ја испорачуваат Радмила, Спасовски, Рашкоски, Филипче, Мила, Кирацовски и останатата рекетарска дружина, истакна во својот говор Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот марш против неправдата кој го организираше опозициската партија по објавените аудио-бомби за поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Мицкоски истакна дека ора да има одговорност затоа што само така ќе имаме држава.

Тоа убивање на правдата и отсуство на резултати донесе апатија кај народот, и јас таа апатија ја разбирам. Но, таа сама по себе не е одговор затоа што така власта која е суштинската причина за таа апатија ако не биде казнета ќе продолжи како и досега. Народот на локалните избори го казни ВМРО-ДПМНЕ, а ВМРО-ДПМНЕ ја научи лекцијата, сега на ред е казната да го стигне СДСМ и СДСМ да научи. Со седење дома и апатија народе, граѓани, народе македонски нема подобро. Затоа што драги браќа и сестри, таа апатија ја посакува СДСМ бидејќи таа значи поддршка за нив. Мора да опстои вербата и надежта дека може подобро и да се почувствува оваа енергија која значи промени и значи обнова. Следните избори се нова шанса за нашиот народ да си ја врати државата во свои раце и да покаже дека Македонија може и дека Македонија заслужува повеќе.

А, денес протестираме затоа што неправдата станува неподносливо секојдневие. И затоа што се виде зошто Заев се бореше толку за закон за обвинителство со кој се надева дека аудио материјалите нема да важат. Но ако се премолчи и ова тогаш чуму судство, чуму обвинителство. А, обвинителството и судството не смее повеќе да молчи, не смее да молчи пред убивањето на правдата, заклучи Мицкоски.