Граѓани и партиски симпатизери вечерва излегоа на протестниот марш во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против неправдата која владее во Република Македонија, откако СДСМ ја превзема власта.

Протестот започна со емитување на аудио-бомбите во кој се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев каде што зборува за финансирањето на 1ТВ во првата бомба како и за ситуацијата со предметите на СЈО, Законот за ЈО и Катица Јанева во втората бомба која пред два дена ја објави пратеникот Антонио Милошоски.

Протестниот марш продолжи со говор на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.