Продолжуваме со посетите за обнова на Македонија, денеска сме во посета на Кочани и кочанско. Ги посетивме населените места Тркање, Грдовци и Бели.

Разговаравме со населението во овие села, и она што можам да го споделам со целокупната македонска јавност е дека на народот му е едноставно преку глава од сите овие работи кои што се случуваат во последните 3 ипол години.

Впрочем имавме и денеска да видиме можност една снимка каде што главата на рекетот, главата на оваа криминално рекетарска банда Зоран Заев како го командува целокупниот правосуден систем.

Народот повеќе ова нема да го трпи и на 12-ти април обновата доаѓа. Обновата доаѓа после 12-ти април со сите они проекти кои ги најавивме, доаѓа преку зголемувањето на платите, преку пензиите, намалувањето на даноците, намалувањето на невработеноста за под 10%, инвестициите во инфраструктурата, во новите автопатишта, во експресните патишта, инвестициите за подобра животна средина и намалувањето на загадувањето.

Народот знае дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го ветува, тоа и го исполнува. Затоа на 12-ти април да ја донесеме обновата во Република Македонија.


Администратор
24/02/2020 00:17