Епидемијата на новиот коронавирус го загрозува обновувањето на глобалната економија, која е веќе кревка, предупреди денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Таа ја даде својата изјава во Ријад, по завршувањето на дводневната средба на министрите за финансии и на гувернерите на централните банки од земјите на Г-20.

– Вирусот Ковид-19, кој претставува светска здравствена вонредна состојба, ја наруши економската активност во Кина и може да го загрози обновувањето, истакна Георгиева.


Администратор
23/02/2020 22:59