Одговорајќи на новинарско прашање дали е свесен дека со нелегално стекнати материјали може да има против него кривична постапка или да биде притворен, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски кој денеска објави аудио-бомба за претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека ако некој треба да биде приведен тоа е единствено Заев.
- Јас сум свесен дека господинот Заев и неговата фамилија се прилично влијателни и во обвинителството и во политиката и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен. Но, после еден ваков објавен материјал ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит тоа е господинот Заев, истакна Милошоски.