Денес во просториите на ВМРО-ДПМНЕ во 11:00 часот пратеникот Антонио Милошоски ќе одржи прес конференција за медиуми на која ќе се презентира „бомба“ за претседателот и поранешен премиер Зоран Заев за негова наводна вмешаност во судски одлуки.

- Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.

Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот, информираше Милошоски.