Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски преку фејсбук видео порача дека доаѓа новото време за промена и правда.
- Доаѓа ново време за промени и правда.
Македонија од секој удар кој и бил нанесен излегувала посилна и силно возвраќала на ударот.
Македонскиот идентитет значи да си победник и ние ќе ги донесиме победите. Ќе ставиме крај на поразите затоа што тоа и го должиме на Македонија, на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!
Следуваат промени на подобро, подобри времиња, квалитетни реформи, почитување на принципите и позитивни резултати кои ќе ги почувствува секој еден од вас. Тоа ви го ветуваме и тоа ветување ќе го исполниме. Обновата доаѓа!, стои во Фејсбук статусот на Николоски.