СДСМ лоповска кризира. Во реакцијата обвинува дека денес ВМРО-ДПМНЕ предлага проекти кои Заев ги реализирал, а во продолжение не наведува ноту еден таков зошто Заев има нула реализација на проекти. Освен тоа што СДСМ е посветена на крадење на пари од граѓаните, сериозно е посветена и на крадење на проекти од ВМРО-ДПМНЕ, како што беше она копирање на Заев кој го вети по 3 години власт автопатот Велес-Витола кој Христијан Мицкоски го најави 2 недели претходно.

СДСМ е во паника, нема програма а нема ниту реализација на проекти.

Затоа само во енергетиката ВМРО-ДПМНЕ ќе реализира: Енергетска обнова на домовите на граѓаните. Нова фасада и прозорци за домовите, при што 50% е на трошок од државата. Набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. На секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Повеќе здравје, односно 50% почист воздух. Нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата. Ова ќе значи 1 000 нови вработувања. И многу други проекти

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ