Освојувачката на големиот Кристален глобус за 2016 година, Лара Гут-Бехрами (Швајцарија) забележа втора последователна победа пред својата домашна публика во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, откако победи во спуст во трка од Светскиот куп. 28-годишната Гут ја мин патеката за 1: 27,73 минути и го запишаа нејзиниот 26-ти успех во кариерата и втор во сезоната. Таа веќе има девет победи во дисциплината по вчерашниот триумф во Кран-Монтана.

Втора, како и вчера, се рангираше нејзината сонародничка Корин Зутер. Таа остана на 2 стотинки од победата, но го освои малиот Кристален глобус во спуст. 25-годишната Зутер стана првата Швајцарка во последните три децении што го освојува малиот глобус во оваа дисциплина. Шантал Бурнисен беше последна што постигна вакво достигнување во 1991 година. Зутер победи во еден спуст минатиот месец и има три подиуми на осум старта.

Австријката Нина Ортлиб заврши на третото место со 5 стотинки заостанување и за прв пат во кариерата стигна до подиумот.

Микаела Шифрин (САД) со 1.225 бода, пред Федерика Брињоне (Италија) со 1.198 и Петра Влхова (Словачка) со 1.139 бода продолжуваат да водат во генералниот пласман за Светскиот куп.

Во пласманот за малиот Кристален глобус во спуст пред последниот старт за сезоната, Корин Зутер води со 477 поени и има недостижна предност од 155 бода пред втората Естер Ледечка (Чешка), која има 322. На третото место е Федерика Брињоне со 320 бода.

Комбинација за жени ќе се одржи утре во Кран-Монтана.


Администратор
22/02/2020 16:18