Денешниот состанок, практично треба да биде средба во која што ќе можеме да презентираме дел од политиките кои што ги предвиде ВМРО-ДПМНЕ за следните предвремени парламентарни избори, а се однесуваат на економијата која што ќе биде главен фокус за следниот четиригодишен мандат на владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.

Имајќи предвид дека програмата сеуште не е затворена, постои можност нели истата да биде проширена. Како што кажа претседателката така јас еве и ќе повторам, покрај тоа што ќе зборуваме и ќе презентираме политики и проекти кои што како политичка партија планираме да ги работиме, сме тука и да слушаме. Она што Сојузот на Стопански Комори практично ќе ни го предложи, она што е важно за нив, па да видиме дали дел од тие проекти, политики можеме веднаш да ги уклопиме во програмата. Дел понатаму откако ќе направиме детална анализа на состојбите во буџетот на државата кои што според наша информација, според она навигација со која ние располагаме е во една многу лоша состојба и кондиција. Таквата состојба исто како и за економијата предвидуваме дека ќе биде се полошо од период кој што следи.

Така што денешната средба ќе ја искористиме генерално да оваа приказна на кратко да ја кажам, најпрвин да презентираме она што ние го имаме досега вклучено во програмата и второ да слушнеме она што е важно за комората да можеме истото тоа да го вклопиме во рамките на програмата.

Прашање: Денеска Алијанса и Алтернатива ја официјализираа својата коалиција. Дали евентуално вие размислувате во насока да коалицирате со нив?

Одговор: Ние размислуваме да освоиме 61 пратеник на 12 Април. Според нашите анализи ние сме многу блиску до таа бројка, а веднаш по завршување на изборите, тогаш разговори со сите политички чинители во државата се возможни, вклучително и со оваа коалиција која што вие ја споменавте, тоа е коалицијата помеѓу Алијансата на Албанците и политичката партија Алтернатива.

Прашање: Денес Бујар Османи кажа дека за нив е битно да се почитува и принципот после изборите победник со победник. Како го коментирате тоа? Одговор: Знаете живото не е игра и во животот има принципи кои што ако еднашка се скршат, тогаш тие веќе не се принципи. И во име на тоа јас можам да ви кажам дека политиките кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ се темелат на принципи и бидејќи овој принцип еднашка е прекршен, во едно телевизиско интервју кажавме дека идната коалиција ќе биде на база програма со програма и тој принцип не го менуваме.

Прашање: Ваша реакција по информациите што излегоа во јавноста дека сега веќе поранешниот премиер Зоран Заев се сретнал со поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева во Вила „Водно“. Тој ги негираше овие информации, имате вие коментар?

Одговор: Јас не знам навистина што повеќе да коментираме за да ете таа тема некако навистина се затвори во насока на тоа како што треба да се затвори. Но, мислам дека не само на мене и на јавноста и е јасно дека господинот Зоран Заев и госпоѓата Катица Јанева другарувале во минатото и потезите и на Зоран Заев и на Катица Јанева се практично резултат на тоа другарство. Зошто тоа другарство и на кој начин престанало претпоставувам дека една од причините е и случајот „Рекет“. Од друга страна видовме дека господинот Зоран Заев другарувал и со сопственикот на медиумот, т.е. бил толку неподреден со него дури го советувал и го потпрашувал од каде му се средствата да го финансира тој медиум.

Од друга страна пак бил свесен за активностите на Меѓународниот сојуз кој што работел со локални бизнисмени во државава, а не гледам дека Зоран Заев е повикан во случајот „Рекет 2“ да сведочи за тој Меѓународен сојуз за да на крај тој самиот да признае дека ја помагале телевизијата на начин на кој ја помагале. И никој во оваа држава не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало всушност

Она што е јасно не само не мене туку на јавноста дека јасно се гледа контурата на главата на октоподот. Јас немам дилема како човек ниту пак претпоставувам некој во оваа држава има дилема кој е главата на октоподот. Видовме дека дури и оние лица кои што располагале со тие пи мерки кога виделе каде се упатува госпоѓата Јанева престанале да снимаат. Видовме дека тие кои го снимале веќе осудениот Зоран Милески кога оди на средба и кога виделе со кого оди на средба престанале исто така да снимаат. Така да очигледно ова е еден вид семејна професија.

Како понатаму ќе заврши овој случај не е до нас политичарите, туку до судството и обвинителството, ако заврши како што треба јасно се знае каков треба да биде епилогот, ако не догодина не 106 на листа на Транспарентност Интернационал ќе бидеме 160. Да не ве чудат критиките зошто нема да бидеме наскоро земја членка на Европската Унија зошто 70% од граѓаните мислат дека државата оди во погрешна насока и зошто, како што кажа господинот имаме вистински „brain drain“ во вистинска смисла на зборот, не како што еден политичар тоа го употреби, туку ќе имаме одлив на мозоци од државава. И овие луѓе тука и останатите луѓе од реалниот сектор ќе имаат проблем како да растат во својот бизнис бидејќи луѓето разочарани заминуваат, а не само поединечно туку сега и со цели семејства.

Или во оваа државава ќе се стави крај на таквиот однос на политичарите или ние ќе продолжиме да тонеме во политичко мочуриште, се до моментот додека не не проголта оваа жива кал, а многу блиску сме до таа ситуација.

Прашање: дел од бизнисмените ги поздравија вашите најави за инвестиции во инфраструктурата од половина милијарда годишно, меѓутоа велат дека без реформа во јавната администрација сите овие проекти не можат ниту добро да се испланираат ниту добро да се реализираат. Од друга страна актуелниот министер за администрација напомена дека поради изборниот процес одливот на службеници од јавниот во приватниот сектор ќе почне од мај. Имате ли вие во програмата конкретно што ќе правите со јавната администрација и дали овој процес ќе го продолжите или ќе го стопирате?

Одговор: Добро е што тој господин во Мај веќе ќе биде поранешен министер па ќе не може да прави како што тоа сега го прави со јавната администрација во државата. Инаку, да, имаме концепт како да се реформира државната и јавната администрација бидејќи ваквата реформа како што ја замислува Зоран Заев и овој господин кој што го споменавте денеска предизборно вработува по 6.000 луѓе месечно а од друга страна зборуваат за дигитализација. Сега треба да се одлучат дали ќе зборуваме за дигитализација или ќе зборуваме за 6.000 нови вработувања во администрацијата месечно. Тие две работи една со друга се контрадикторни. Шалата на страна ниту имаат визија ниту пак знаат како тоа треба да се направи. Во ред тоа е гола политика они одбрале на тој начин да функционираат тоа е нивно право, ние мислиме дека е погрешно, така што одговорот на вашето прашање да имаме концепт како да се справиме со тоа и ние сме убедени дека сето она кое што го ветуваме ќе го испорачаме и ќе го исполниме. Сме сериозни луѓе, не сме по потрага на гласови по било која цена туку сакаме да тоа што ќе го ветиме и да го испорачаме бидејќи денеска вие коа ќе појдете и коа ќе разговарате со граѓаните во оваа држава сите тие имаат два епитета генерални за политичарите а тоа е дека се или лопови или лажговци. Ние се трудиме со нашето функционирање и со начинот на кој што ќе функционираме во иднина овие два епитета да ги претвориме во некои други поплеменити епитети и мислам дека ќе успееме и затоа се трудиме да имаме конзервативен пристап при креирањето на програмата односно сето она кое што ќе се обврземе во програмата да го сработиме, да го сработиме.