Женскиот тениски турнир во Ксиан годинава нема да се оддржи. Настанот што е вметнат во календарот на ВТА во средината на април е откажан поради појавата на коронавирусот во Кина. Потврда на веста стигна и од Женската тениска асоцијација и од организаторите. Настанот беше од категоријата 125 и требаше да се одржи од 13 до 19 април. Тенис во Ксиан дефинитивно ќе нема, интересно е што ВТА сè уште не реагира со откажување на турнирот и во Кунминг во јужна Кина што почнува на 27 април. Како последица на коронавирусот, досега во Кина починаа над 2.100 лица. Тоа е причина за откажување на бројни меѓународни спортски настани во земјата, меѓу кои и трката во Формула 1 што требаше да се вози на 19 април.


Администратор
21/02/2020 00:15