Португалскиот фудбалер Даниел Карико (31) реши да прекине соработка со Севилја и да потпише за Вухан. Трансферот претставува изненадување ако се има предвид дека градот се наоѓа во кинеската провинција Хубеи која е епицентар на корона-вирусот.

Карико, сепак, нема веднаш да отпатува во Кина, туку на рапорт во новиот клуб ќе се јави штом се создадат услови оти и фудбалското првенство на Кина е ставено во мирување на неодреден временски период.

Карико потекнува од фудбалската школа на Спортинг Лисабон за потоа да биде позајмуван во АЕЛ Лимасол и Оланенсе, а пред Севилја го носеше и дресот на Рединг во Англија. Член на Севилја беше од 2014 година.


Администратор
21/02/2020 00:12