Општина Бутел од денес отвори дежурен телефонски број, на кој жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токчичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго.

-Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде во функција за жителите на Општина Бутел 24 часа со цел да се пријавуваат сите нерегуларности кои се во надлежност на општината. На овој начин ќе се олесни работата на инспекциските служби, бидејќи со директна пријава кај нив ќе можат навреме да интервенираат. Во исто време на овој начин опптината станува по услужна и достапна за за сите граѓани, вели Велимир Смилевски, градоначалникот на Општина Бутел.

Повиците ќе се примаат 24 часа во денот, во општината ќе има дежурни екипи , кои информацијата веднаш ќе ја препраќаат до инспекторите за да можат навремено да излезат на терен, додава градоначалникот.

Тој се надева дека овој начин на фунционирање ќе има поголема продуктивност за инспекциските служби и ќе се намалат неправилностите од несовесните граѓани.


Администратор
20/02/2020 14:52