Заедничко земјиште од 15.000 квадрати има фамилијата на министерот за здравство Венко Филипче со партнерот кој со неговата баба градат куќа, партнер кој константно добива тендери од министерството за здравство, истакна вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во тв дуелот со потпретседателката на министерството за одбрана Радмила Шеќеринска на телевизија Телма.
- Јавноста треба да ги знае одговорите на прашањата како се купуваат 15.000 метри квадратни земјиште. Јавноста треба да знае зошто УЈП не го испитала потеклото на имот и зошто антикорупциската комисија молчи. Очигледен е конфликтот на интерес кој посоти во случајов но никој не смее да реагира против власта пред избори, истакна Николоски.