Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за дневникот на Канал 5, истакна дека во фокусот на предизборната кампања ќе бидат две работи, економското опустошување и цветањето на корупцијата со СДСМ, како и воведување на функционален систем на владеење на правото и многу проекти кои што ќе ги испорача раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе се двата избори кои што ќе ги имаат македонските граѓани и јас сум сигурен дека ќе можат да направат јасна разлика,

Николоски рече дека покрај големиот број на проекти и инвестиции, во фокусот на кампањата ќе бидат економијата и владеењето на правото, посочувајќи дека ќе се воведе функционален систем на владеење на правото во кој што ќе има одговорност за сите без разлика од која политичка партија се.

-Ветуваме дека оваа заспана Македонија во овие три години економски ќе заживее и ќе нема место во државата во кое што нема да се инвестира во инфраструктура. Ги споменавме проектите изминатиот период а исто така ветуваме дека ќе воведеме функционален систем на владеење на правото во кој што ќе одговараат сите без разлика од која политичка партија се, истакна Николоски.