Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку фејсбук статус ги соопшти новите проекти од полето на економијата и инфраструктурата кои ќе бидат промовирани за време на кампањата, а би се реализирале доколку ВМРО-ДПМНЕ формира влада по изборите на 12 април.
„Додека Заев и СДСМ прават криминален бум, ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана кон економски и инфраструктурен бум.
Додека штабот за кризи на СДСМ создава лажни вести, штабот за проекти на ВМРО-ДПМНЕ се обврза на:
✅Нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола;
✅Нов асфалт за сите регионални патишта во државата;
✅2 милијарди евра инвестиции во патишта;
✅Нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка;
✅Нов експресен пат од Битола до Грчка граница;
✅Нов експресен пат од Струмица до Бугарија;
И многу други проекти кои ќе донесат раст на градежништвото за 30%, што ќе значи 30% повеќе работа за компаниите, 30% повеќе приходи, повеќе пари, повеќе за секого.
#ОбноватаДоаѓа“ - стои во објавата на Мицкоски.