Петра Влхова од Словачка е победничка на денешниот слалом во Крањска Гора во рамки на Светскиот куп во алпско скијање.

Водечката по првото возење, Ана Свен Ларсон, не успеа да остане на скии во второто спуштање по патеката што го искористи словачката скијачка и со вкупно време 1:47:56 минути го освои првото место.

Швајцарката Венди Холденер заостана 24 стотинки и на крајот мораше да се задоволи со пласман на второто место, третото и припадна на Австријката Катарине Трупе ( плус 89 стотинки).

Со оваа победа, Влхова ја мина Шифрин во генералниот пласман во слалом. Словачката скијачка сега има 460 бода, 20 повеќе од нејзината американска колешка која сè уште паузира поради смртта на нејзиниот татко.

Но, Шифрин е водечка во генералниот пласман во Светскиот куп со 1,225 бода пред Италијанката Брињоне која има 1,112 и Влхова со 1,071 бод.


Администратор
16/02/2020 22:28