Ученици од скопската општина Бутел, ја воодушевија публиката настапувајќи на фестивалот за глума на ученици во Словенија.

Децата се ученици во основното училиште Ацо Шопов, а по покана на училиштето Леон Штукер, учествуваа на фестивалот и ја изведоа драмата „Моја тајна”. Учениците покрај глума, учествуваа и во спортски натпревари каде што освоија прво место и добија посебни пофалници за во три дисциплини.

Тие по успешниот настан беа и на свечен прием, кој Амбасадата на Северна Македонија го приреди специјално за нив. Учениците на Амбасадорката Сузана Зеленковска и дадоа рачно изработени подароци.

Престојот на петте ученици во Словенија финансиски го поддржа Општина Бутел.


Администратор
16/02/2020 22:12