Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски оцени дека во изминатите три ипол години овој парламентарен состав поминал низ тешка политичка криза и обвини за непрофесионално работење и криминал и корупација во редовите на СДСМ.

- Заев и СДСМ ќе останат запишани во историјата на Република Македонија по катастрофалните економски политики, хаос во правосудниот систем, нула странски инвестиции, по партиските вработувања во администрацијата, по промената на Уставот и покрај неуспешниот референдум во 2018 година, големиот број на криминали на функционерите и кадрите на СДСМ на централно и локално ниво, милионски тендери во здравството, иселувањето на младите од својата татковина, лажните ветувања пред граѓаните, големиот број на нерешени и сомнителни убиства, непочитување и девалвирање на институциите, класично кршење на Деловникот и насилничко носење на огромен број на законски решенија овде во Собранието на Република Македонија, газење и уништување на угледот на државата, пад од стотици места на речиси сите светски ранг листи со кои се оценува функционирањето на една држава, задушување на слободно новинарство, закани, уцени, огромна доза на говор на омраза на нивните пулени и апологети, и уште многу, многу други примери за кои дури немам доволно време ни само таксативно да ги набројам во ова мое обраќање.

Oва е резултатот од владеењето на Заев и СДСМ. Ова е вистинската реалност и реалната состојба во која се наоѓа Република Македонија по изминати само 3 години од владеењето на овој хибриден и криминален режим предводен од двоецот Заев - Шекеринска и СДСМ во целост.

На крајот од ова мое обраќање би сакал уште еднаш да повторам пред целата македонска јавност дека Заев, Спасовски, Шеќеринска и СДСМ на 12-ти април ќе заминат и дај Боже никогаш да не се вратат,заклучи Мицевски.


Администратор
16/02/2020 17:07