После сите случувања во Собрание, разрешувањето на министерката Рашела Мизрахи, уцените со носење на закони на штета на Уставот само заради политички пазарења, јавноста е се погласна во прашањето зошто ВМРО ДПМНЕ уште седи во парламентот наместо да го напушти и да ја блокира неговата работа. На ова прашање, во синоќешното вклучување во живо во телевизија Алфа одговори координаторот на пратеничката група на партијата Никола Мицевски.
-Ако не сме тука да контролираме во ова Собрание, вчера и денеска, ќе беа изгласани 200 закони по скратена постапка. Затоа што ако не сме во Собранието , за комисиите што ги води ВМРО ДПМНЕ ќе назначат други, од нивите редови да ги води, па на тој начин ќе поминат уште 200 други закони по скратена постапка, вклучувајќи го и законот за опојни дроги и психотропни супстанции. Ќе поминат и нови задолжувања на штета на буџетот, што ќе ги платат граѓаните на Република Македонија и тоа ќе биде толкувано како можност за одлагање на изборите а ВМРО ДПМНЕ нема да го дозволи тоа, вели Мицевски.