Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на своите фејсбук и инстаграм профили објави слика со техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која рано сабајлево, односно во 04 часот по полноќ, на барање на министерот за надворешни работи Никола Димитров а на предлог на техничкиот премиер Оливер Спасовски, владеачкото мнозинство со 62 гласа „за“ ја разреши од министерската функција поради наследената табла од нејзината претходничка Мила Царовска на која стоеше името Република Македонија.

Дисидентите! Зошто? Затоа што ја сакаат мајка МАКЕДОНИЈА!, напиша Мицкоски во описот пред неговата објава.


Администратор
15/02/2020 04:14