По Фејсбук статусот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во кој тој стави јасно до знаење дека изборите ќе се случат во редовниот термин а не во април ,ако не помине законот за јавно обвинителство , за одбрана, разрешувањето на Мизрахи и уште неколку други правни акти – претседателот на ВМРО ДПМНЕ коментира дека ова е демонстрација на страв.

-Текстот на Николовски е напишан од неговиот претседател Заев, стравот е огромен, се бара по секоја цена да се скријат луѓето од одговорност. Јасна е намерата на Заев да ги одложи изборите. Ќе имаме соодветна реакција, чекор по чекор, рече Мицкоски во емисијата „Што не е јасно?“.


Администратор
14/02/2020 01:18