Откако пратеникот и поранешен генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски преку фејсубк го повика Талат Џафери да ја закаже седницата за разрешување на Мизрахи, спикерот иронично му одговори дека тој е политичар кој не користи фејсбук.

Хах, јас не сум политичар кој користи Фејсбук, одговори Џафери.

Од ДУИ пак, неофицијално за ПлусИнфо на прозивките на Кирацовски одговориле: „Кики така може да му се обраќа само на Боки 13.“

По ова Кирацоски луто му одговори на Џафери: -Џафери наместо да Бокисува, нека си ја врши својата работа како што доликува и веднаш нека го прифати, не моето, туку барањето од актуелниот технички премиер за разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, поради кршење на Уставот.


Администратор
13/02/2020 23:19