Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, доцна вечерва пред почетокот на собраниската седница за Законот за ЈО преку фејсбук порача дека можно е да се формира ново мнозинство а изборите да бидат одложени.

- Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи..., во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

Северна Македонија нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом, напиша Николовски на својот фејсбук профил.

Според ова, стана јасно зошто Претседателот на Собранието Талат Џафери се налути и ја прекина седницата за Законот за ЈО.