Кинеските компании Хуавеи, Ксиоми, Опо и Виво се здружуваат против доминацијата на Гугл Плеј стор и работат заедно на платформа која ќе им овозможи на програмерите надвор од Кина истовремено да ги пласираат своите производи на повеќе продавници за апликации.

Произведувачите се здружија во рамки наГлобалната алијанса за развивачки услуги (ГДСА) во обид да ја оспорат меѓународната доминација на Гугл Плеј продавницата.

Гугл Плеј продавницата е забранета во Кина па корисниците на Андроид се навикнати на преземање апликации од различни извори, од кои многу од нив ги одржуваат производители како Хуавеи и Опо.

Надвор од Кина, Гугл Плеј продавницата се уште доминира. Овој монопол значи дека продавниците за апликации од трета страна се борат со поддршка на програмерите на меѓународно ниво и тоа би можело да ја промени платформата на ГДСА.

Веб страната ГДСА објави дека нивните услуги се планирани за девет земји и региони, вклучувајќи ги Индија, Индонезија, Русија и Малезија. Платформата ќе им олесни на програмерите да ги вметнат нивните апликации во секоја продавница истовремено.

Новата платформа се планира да биде претставена во март, но можеби ќе биде одложена поради епидемијата со коронавирусот.


Администратор
07/02/2020 21:24