Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на акцијата „обновата пред вашиот дом“ беше во посета на Кочани а искористи и да прошета на Пониква каде во текот на целиот ден паѓаше снег.
- Бев на Пониква и остварив средба со кочанските стопанственици. Кочани и овој регион има огромни потенцијали за туристички и стопански развој. Потребно е поголема грижа од државата која мора да се посвети на домашната економија.
Потребни се реални капитални инвестиции, а не фингирани извештаи, потребна е вистинска грижа за рамномерниот развој на земјата. Се обврзуваме на работа и постојана и активна грижа за потребите на граѓаните, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.