Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски заедно со прeтседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието Антонио Милошоски се во работна посета на Вашингтон. Во рамки на посетата на Вашингтон тие беа дел од молитвениот појадок во организација на Претседателот на САД, Доналд Трамп. Молитвениот појадок претставува најпрестижен политички настан во САД на кој доаѓаат врвни политичари од САД и целиот свет.

- Имавме чест заедно со Антонио Милошоски да присуствуваме на 68миот традионален молитвен појадок во Вашингтон САД. На молитвениот појадок учествуваа Претседателот на САД Доналд Трамп, Потпретседателот на САД Мајк Пенс, Претседателот на Конгресот Ненси Пелоси, водачот на Републиканците во Сенатот и голем број сенатори и конгресмени.

Националниот молитвен појадок се одржува традионално на почетокот од февруари секоја година во Вашингтон.

На молитвениот појадок учествуваат врвни политичари од целиот свет, најголемите бизнис лидери, дипломати и религиски лидери и претставува еден од најпрестижните глобални настани на кој присуствуваат гости од целиот свет.

Традицонално главно обраќање на молитвениот појадок имаше Претседателот на САД Доналд Трамп.