Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, објави видео насловено како „Обновата доаѓа“.

„Добро знаете дека сакаат да ви го оттргнат вниманието од вистинските проблеми за кои власта е одговорна. Хаосот кој што го создадоа и го оставаат е огромен, но не е нерешлив.

Со многу труд, со искрен однос и со вашата поддршка, почитувани граѓани, ќе ја донесеме обновата на Македонија која што ќе обезбеди успешна иднина за сите генерации.

Поразите да ги замениме со победи. Обновата доаѓа“-порача тој.